Утрински Весник
Македонија

Изградба на затворен пливачки базен и реконструкција на трим патеката во Кисела Вода

Изградба на затворен пливачки базен и реконструкција на трим патеката во Кисела Вода

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – Во тек се работните активности за изградба на затворен пливачки базен во училишниот двор на основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“ и реконструкција на трим патеката во oпштина Кисела Вода.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски денеска извршија увид во работните активности кои почнаа уште на почетокот на минатиот месец и порачаа дека со изградба на овој базен ќе се подигне свеста кај најмладите, а и кај останатите граѓани за водените спортови.

Како што надополнуваат општинските власти, базенот го гради Агенцијата за млади и спорт, а ќе биде со широчина на корито 8,9 метри, должина 25 метри и длабочина од 0,8 до 1,2 метри. Габаритот на целиот објект е 31 x 21 м. Изградбата на базенот ќе чини 37.802.641 денари со вклучен ДДВ. Изведувач на градежните работи е фирмата Енерго инвест трејд – Скопје.

-Во истовреме Агенцијата за млади и спорт во соработка со Општина Кисела Вода, во должина од повеќе од два километри врши градежни активности за проширување и целосна реконструкција на трим патеката, лоцирана покрај железничките пруги. И со оваа голема инвестиција, жителите на Кисела Вода конечно ќе добијат подобри услови за спортување, рекреирање, прошетки и дружба. Проектот за реконструкција на патеката е на Општина Кисела Вода, информираат од општината.бт/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За 161 судија побарано утврдување одговорност, судовите со над 134.000 нерешени предмети

Полицијата вчера привела седум возачи кои возеле без да имаат положено

Свечена заклетва на 30.класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“