Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Изградбата на училиштето во Мала Речица се очекува да заврши пред локалните избори догодина

Изградбата на училиштето во Мала Речица се очекува да заврши пред локалните избори  догодина
300x250 opst2

Училиштето во Мала Речица што градоначалничката на Тетово го ветува речиси 9 години, почна да се гради 13 дена пред парламентарните избори што се одржаа оваа година, а предвидено е да биде завршено во јуни 2021 година, додека локалните избори треба да се одржат во октомври 2021 година, пишува Порталб.мк.

Екипата на Порталб.мк беше на локацијата во Мала Речица каде се гради основното училиште, но иако имаше работна опрема, немаше присутни работници. Меѓутоа, жителите од околината истакнаа дека таму се работи секој ден, додавајќи дека и наспроти ова, тие не веруваат дека ова ветување некогаш ќе се оствари.

„Да, има работници, се работи секој ден. Меѓутоа не знам што прават, јас не верувам, ова не е прв пат што доаѓаат работници, секогаш излегува нешто, прекинуваат, и не, не верувам дека ова училиште ќе се изгради,“ рече еден жител од населбата каде е предвидена изградбата на основното училиште.

Од Министерството за образование и наука се „позитивно изненадени“ за динамиката на работењето во изградбата на ова училиште, тие ветија дека истото ќе заврши во јуни 2021 година.

„Активностите за изградбата на новиот училиштен објект за потребите на основното училиште „Наим Фрашери“ во Мала Речица, Општина Тетово, се реализираат интензивно, односно нема прекини. Динамиката на работењето во моментов го надмина предвидениот план,“ рекоа од Министерството за образование и наука.

Изградбата на ова училиште, што претставува долгогодишна потреба на жителите на Мала Речица, граѓаните на Северна Македонија ги чини вкупно 84,34 милиони денари.

Осумгодишната пракса вели дека оваа тема се отвора секој пат пред изборните циклуси. Програмата за 2013 година на тогашната кандидатка за градоначалник на Тетово, Теута Арифи, предвидуваше изградба на основното училиште „Наим Фрашери“ во Мала Речица, но тоа не се случи.

Бидејќи училиштето ветено во 2013 година не беше реализирано, градоначалничката Арифи истото ветување го даде и во текот на кампањата за локални избори во 2017 година во дебатната емисија „Вистинска дебата” организирана од Порталб.мк.

Иако од тогаш поминаа три години, изградбата на ова училиште не беше спомната воопшто. Неколку дена откако беше потврдено дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат во април, поранешниот министер за образование, Арбер Адеми го објави договорот за изградба на училиштето на „Фејсбук“.

Веднаш откако Порталб.мк информираше дека работите во основното училиште во Мала Речица не се започнати, поранешниот министер за образование и наука, Арбер Адеми, на „Фејсбук“ извести дека ја потпишал одлуката за избор на компанијата за изградба на новиот објект на основното училиште „Наим Фрашери“.

„Денес со големо задоволство ја потпишав Одлуката за избор на компанијата со најниска понудена цена за изградба на новиот училиштен објект за ООУ „Наим Фрашери“, во Мала Речица, Општина Тетово. Работните активности ќе започнат наскоро!,“ напиша тогаш Адеми на Фејсбук.

Инаку, Порталб.мк ја следеше и ќе ја следи динамиката на работењето за изградбата на ова училиште, бидејќи истата претставува голема потреба за младите на ова место. Околу 1.000 ученици од ова населено место настава следат неколку километри далеку од нивните домови, еден дел во Голема Речица и останатите во училиштето „Наим Фрашери“ во Тетово.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка