Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Изгоре станот на семејството Белулоски во Кичево

Изгоре станот на семејството Белулоски во Кичево
300x250 opst2

Кичево, 7 мај 2020 (МИА) – Петчлено семејство од Кичево остана без семејната куќа откако таа целосно изгоре во пожар што избувна синоќа на улицата „11Октомври“. Траорна беше денеска глетката пред домот на ова семејство каде се уште мирисаше на чад од синоќешниот пожар.

-Останавме на улица бидеќи се ни е изгорено, цела покуќнина, книгите на децата, компјутерот, облеката, но сепак нема настрадани луѓе. Тоа е среќа во несреќа, на време излеговме од домот, дојдоа пожарникарите и пожарот е изгаснат, ние сега останавме без ништо, низ солзи раскажуваше Нурије Белулоска, која се надева на помош од хуманите луѓе.

Освен станот на семејството Белулоски, оштетен и станот на семејството Алими бидеќи двата стана имаа ист покрив и дождот што синоќа наврна и нив им направи огромна штета.

Овие станови се во склоп на старата зграда на поранешниот Централен комитет, се претпоставува дека пожарот избувнал во покривот на зградата поради стара и дотраена електрична инсталација, но сепак точните причини ќе ги покаже истрагата. рз/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села