Утрински Весник
Македонија

Изгоре барака во Пржино, повреден сопственикот

Изгоре барака во Пржино, повреден сопственикот

Во пожар во барака во скопската населба Пржино е тешко повреден 68-годишен скопјанец. Според информациите, тој се обидел д го изгасне огнот, но безуспешно.

Бараката цела изгорела, а огнот ја зафатил и кровната конструкција на објектот до неа.

Притоа, со повреди се здобил Ц.К., кој бил пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Работник почина од струен удар во Кондово

Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Јасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа

Николоски на увид на автопатот Охрид-Кичево