Утрински Весник
Македонија

Изгаснати пожарите кај селата Цера и Дулица

Изгаснати пожарите кај селата Цера и Дулица

Македонска Каменица, 13 април 2020 (МИА) – Изгаснати се двата пожари што ги зафатија атарот на селото Цера и Медарско маало во селото Дулица. Во пожарот кај селото Дулица, како што информираа од Територијалната противпожарна единица во Македонска Каменица, зафатени се 2,5 хехтари дабова шума.

– Пожарот е ставен под контрола, односно локализиран, а потоа и целосно изгаснат од страна на нашите припадници и двајца вработени во Национални шуми „Делчево“, изјави Малин Трајчевски, командир на ТППЕ Македонска Каменица
Претходно, за кратко време изгаснат е и шумскот пожар во селтоо Цера.

Од ТППЕ упатија апел до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено, поради непредвидливите временски услови со моментална појава на силен ветар, како и поради вонредните услови во кои функционира единицата односно нејзината вклученост во спречување на ширењето на заразата со Ковид 19. вс/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пет лица повредени во сообраќајка кај Зајас

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки, не застанале на знак за сопирање

Човечки труп пронајден во Вардар кај Демир Капија