Струмица, 17 март 2020 (МИА) – Дезинфекција на улици, јавни површини и на урбаната опрема е извршена рано изутрината во Струмица. Дезинфекцијата ја извршија екипи на ЈПКД „Комуналец“ и Територијалната против пожарна единица.
– Со дезинфекција почнавме во 05:30 часот и притоа се опфатени најфрекветните сообраќајници во градот, како и големите јавни површини. И во наредните денови ќе продолжиме со оваа акција, рече Александар Гудев, командир на ТППЕ Струмица.
Плоштадот „Гоце Делчев“ и урбаната опрема се чистеа рачно од страна на екипи на ЈПКД „Комуналец“, а одлуката за дезинфекциja е донесена на вчерашниот координативен состанок со претставници на општинските институции и организации заедно со градоначалникот и општинската администрација. рт/рп/