Утрински Весник
Македонија

Извршена дезинфекција на улиците во дел од населените места во Берово

Извршена дезинфекција на улиците во дел од населените места во Берово

Берово, 3 април 2020 (МИА) – Продолжува спроведувањето на мерки за заштита од Ковид-19 во селските средини во Берово. За таа цел како што информираа локалните власти денес беше извршена дезинфекција на улиците во селата Митрашинци и Будинарци.

-Следејќи ги препораките на Владата на РСМ, а се во интерес на јавното здравје, општина Берово изврши дезинфекција на улиците во споменатите села. Како една од мерките за превенција од Ковид-19, продолжуваме и понатаму да работиме во интерес на граѓаните, со цел да се заштитиме и да не дозволиме овој вирус да земе големи размери во нашата општина, истакнаа надлежните.

Изминатиот период како што додадоа општината презеде низа мерки за заштита и превенција, дезинфицирајќи ги улиците во Берово, јавните површини, урбаната опрема, детските реквизити.

Со исто темпо, како што додадоа ваквите акции ќе продолжат и во наредниот период. Во Берово како и во останатите општини од крајниот Исток досега нема случај на заразени лица од Ковид-19. вс/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

26 изгаснати и еден активен пожар во изминатото деноноќие

Низ Охрид полицијата ги информираше туристите како да се заштитат од џебни кражби

Спасувач раскажува што се случувало на плажата каде почина младо момче од Македонија