Утрински Весник
Македонија

Дука: Коронавирусот се уште е присутен во Дебар, останете дома

Дука: Коронавирусот се уште е присутен во Дебар, останете дома

Дебар, 3 април 2020 (МИА) – Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, на денешната прес-конференција побара од граѓаните и понатаму строго да ги почитуваат препораките и мерките со цел да се спречи проширувањето на коронаврусот.

-Три дена немавме позитивен на Ковид-19 од нашата општина. Денеска потврдени се два нови сличаја. Тоа значи дека опасниот вирус се уште е во Дебар, што пак предупредува дека мерките и препораките и понатаму треба строго да се почитуваат. Останете дома, тоа е најефикасната мерка за справувањето со овој опасен вирус. Излегувајте само за неопходна потреба, а тогаш одржувајте ја социјалната дистанца, порача Дука, кој воедно раководи и со општинскиот Оперативен штаб.

Според него, вчера и денеска се тестирани 22 лица за кои се очекуваат резултатите, додека во домашна излолација се 131 лице.

-Безбедносната состојба е добра, граѓаните ги почитуваат владините мерки и полцискиот час и нема никакви прекршувања во овој поглед. Во Дебар се уште има странски државјани и тоа од САД и од Канада кои се затекнати по прогласувањето на кризната состојба, на 13 март. Во постојан контакт сме со амбасадите на споменатите земји и се надеваме дека проблемот ќе биде надминат, наведе Дука.

Информираше дека продолжува да пристигнува хуманитарна помош,која сега се распределува според списокот утврден од страна на хуманитарните организации и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и Оперативнот штаб.

Со новозаразените во Дебар вкупниот број заболени се зголеми на 49 (двајца од Центар Жупа), од нив четворица се починати, тројца мажи и една жена. Почината жена е од селото Баланци општина Центар Жупа, која со сопругот беа првозаразени.вт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”