Утрински Весник
Македонија

Извршена дезинфекција на транзитниот центар Табановце

Извршена дезинфекција на транзитниот центар Табановце

Куманово, 28 март 2020 (МИА)

Извршена е дезинфекција во Транзитниот центар во Табановце, но и во неколку села и населени места во тој реон од општина Куманово, објави денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

-Денеска продолжуваме со дезинфекција на кампот за мигранти во село Табановце и останатите села во регионот и најпрометните улици во градот. Сите станбени објекти на територија на општината се веќе третирани, продолжуваме, од утре со нов циклус- објави Димитриевски.

Измината недела беа дезинфицирани сите згради на подрачјето на Куманово. Во дезинфекцијата се вклучени екипи на сите претпријатија во градот, како и на противпожарната единица.ам/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рано утрово масовна акција на МВР – претреси на повеќе локации, приведени повеќе лица

Лишен од слобода скопјанец поради криумчарење производи

Д-р Беќаровски: Исполнете им ги барањата, студентите се секогаш во право