Утрински Весник
Македонија

Извидниците од Крива Паланка реализираа акција за чистење во околината на центарот „Вавилон“

Извидниците од Крива Паланка реализираа акција за чистење во околината на центарот „Вавилон“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Крива Паланка, 2 јуни 2020 (МИА) – Членови на извидничкиот одред „Наум Наумовски Борче“ од Крива Паланка и нивните старешини спроведоа акција за расчистување на дворот и околината на просториите на некогашниот младински центар „Вавилон“ каде е лоцирана и канцеларијата на одредот.

Акцијата се реализира под мотото „Мрдни со прст за зелена и чиста урбана околина“.

– Иако пандемијата ги сведе на минимум сите наши активности и предвидени јавни настани, активности на отворено предвидени за вклучување на заедницата, во изминатите три месеци нашите младинци и во домашни услови имаа задача речиси за секој ден, реализираа предизвици и задачи со одговорност и усвојување вештини што самостојно ги спроведуваа и ги презентираа онлајн. Деновиве по олеснување на мерките, почитувајќи ги сите препораки и мерки, под мотото „Мрдни со прст за зелена и чиста урбана околина“ ги исчистивме дворот на одредот и околината на објектот, како дел од редовното одржување, што е наша обврска, но и задача да им пренесеме и всадиме работни навики и одговорност за грижа за околината на младите, изјави Свете Милановски, од извидничкиот одред.

Десеттина извидници ги искосија зелените површини, извршија отстранување на камења и останати отпадоци кои, како што истакна, биле фрлани во изминатите неколку месеци од страна на несовесни граѓани. ид/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЖСПП: Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките

Миноски: Економските мигранти се последно решение за проблемите на пазарот на труд

СДСМ: Изборот на в.д. обвинителка нов доказ, власта сака целосна контрола