Утрински Весник
Култура

Изведба на балетските претстави „Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“

Приказните од „Илјада и една ноќ“ преточени во балетот „Шехерезада“ од Н. Р. Корсаков, под диригентската палка на Бисера Чадловска, кореографијата ја пренесе познатиот балет-мајстор од Москва, Михаил Крапивин, со првична постановка на Михаил Фокин ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 14 јуни со почеток во 20:00 часот.

Сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Маја Бурсаќ од Србија, концерт-мајстор: Верица Ламбевска.

Балетската приказна ќе ни ја раскажат: Ивана Коцевска, Балаж Лашеи (Унгарија), Драган Кочоски, Стефан Кочевски, Лора Тарчуговска, Симона Митовска, Илијана Данилов, Ивана Димкоска

„Валпургиска ноќ“ – Шарл Гуно е балетски дел од операта „Фауст“ на Шарл Гуно

На 27 јануари 1949 година, изведен е првиот самостоен балетски настап на ансамблот, со „Валпургиска ноќ“, балетскиот дел од операта „Фауст“ на Шарл Гуно, во кореографија на Ѓорѓи Македонски.

Во 1949 година и официјално е формиран Балетот при Македонскиот народен театар.

Текстот Изведба на балетските претстави „Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“