Утрински Весник
Култура

Изведба на балетската класика „Лебедово езеро“

Изведба на балетската класика „Лебедово езеро“

Националната опера и балет ја најавува изведбата на безвременскиот балет „Лебедово езеро“ на 25 март 2022, со почеток во 20:00 ч.

Под диригентската палка на Бисера Чадловска, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина, во улогата на Одета / Одилија ќе настапи гостинката од Бугарија, примабалерината Марта Петкова, во улогота на принцот Зигфрид ќе настапи Васил Чичиашвили (Грузија), а Ротбарт е Балаж Лашеи (Унгарија), Па де труа: Христина Наќевска, Ангела Велевска, Ендру Кук (Англија).

Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Сценографијата и костимите се на Украинците Андреј Злобин и Гана Ипатиева.

Ода за моќта на љубовта! Балетска класика која ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на П. И. Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид. Ова е универзално и волшебно ремек дело на љубов, измама и драма.

Текстот Изведба на балетската класика „Лебедово езеро“ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“