Утрински Весник
Свет

Избришан „Твитер“ профилот на синот на кралицата Елизабета по скандалот со злоупотреба на деца

Избришан „Твитер“ профилот на синот на кралицата Елизабета по скандалот со злоупотреба на деца
Ss2

Неколку дена откако кралицата му ги одзеде сите воени титули на принцот Ендру, избришан е и неговиот официјален профил на „Твитер“.

Следбениците на неговата официјална страница @TheDukeofYork, која претходно беше означена во официјалните објави на кралското семејство на „Твитер“, сега наидуваат на празна страница со порака – овој профил повеќе не постои.

Ss1

Се чини дека принцот Ендру сè уште има активен официјален профил на „Инстаграм“, иако неодамна беше префрлен на приватни поставки; што значи дека следбениците мора да бараат пристап до страницата, пишува „Си-ен-ен“.

Тој остана без титулите пред околу една недела, поради тужбата што против него ја поднесе Вирџинија Џуфре – жена која тврди дека ја малтретирал кога била малолетна.

Во соопштението од Бакингемската палата се вели: „Со одобрение и согласност на кралицата, воената припадност и кралското покровителство на војводата од Јорк се вратени на кралицата. Војводата од Јорк повеќе нема да презема никакви јавни должности и се брани во овој случај како приватен граѓанин“.

Извор од палатата рече дека принцот повеќе нема официјално да ја користи титулата Неговото кралско височество, а другите негови улоги ќе бидат споделени меѓу членовите на кралското семејство и нема да му бидат вратени.

Американскиот суд ја отфрли жалбата на принцот Ендру, а обвиненијата против него за сексуално злоставување малолетник остануваат. Тој беше тужен од Вирџинија Џуфре, која тврди дека принцот сексуално ја злоставувал кога имала 17 години.

Во тужбата таа изјавила дека покојниот Џефри Епштајн тргувал со нејзиното тело и ја принудувал на секс со нејзините пријатели, меѓу кои имало и принц. Таа тврди дека Ендру ја малтретирал и во куќата на Епштајн на Менхетен и на неговиот приватен остров на Американските Девствени Острови. Таа додаде дека принцот Ендру бил свесен дека таа во тоа време била малолетна.

Окружниот судија на САД Луис А. Каплан рече дека адвокатите на принцот не успеале да ја оспорат уставноста на тужбата поднесена од Вирџинија Џуфре во август. Имено, неговите адвокати рекоа дека нејзината тужба не е јасно составена и оти треба да биде невалидна поради договорот со адвокатите на Џефри Епштајн од 2009 година.

Тие тврдеа дека тужбата на Џуфре ги прекршила условите на спогодбата во која Епштајн и’ платил 500.000 долари за да го откаже случајот против него и другите инволвирани луѓе. Но, името на принцот не се споменува експлицитно во спогодбата.

„Тужбата на Џуфре не е „неразбирлива“, „нејасна „или“ двосмислена“, напиша судијата Луис во пресудата. „Таа наведува дискретни инциденти на сексуална злоупотреба во одредени околности на три препознатливи локации. Исто така, наведува кој точно учествувал во сексуалната злоупотреба“, додаде тој.

Ss1

Можете да прочитате

Објавени тендерите за избор на консултанти за студиите за Електрична интерконекција меѓу Грција и Египет

Америка ќе плати 138 милиони долари на гимнастичарките жртви на сексуално насилство

Бебе спасено од стомакот на мртвата мајка во Газа не е само, доби и име