Утрински Весник
Свет

Избрана новата српска Влада

Избрана новата српска Влада

Изгласана е новата Влада на Република Србија. „За“ гласаа 227 пратеници во Собранието на Србија, додека петмина беа „против“. Немаше воздржани, јавува „Б92“.

Утрово, мандатарот за состав на новата влада, Ана Брнабиќ, ги претстави членовите на кабинетот, а како што најави претседателот на републичкиот парламент, Ивица Дачиќ, гласањето се одржа околу 20 часот.

Предлогот за состав на новата влада пристигна во Собранието на Србија во вторникот, а потоа имаше повеќе сомнежи во јавноста, како на пример прашањето кој ќе биде новиот министер за образование и кој ќе биде министер за здравство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во пресрет на меѓуизборите: Трамп подготвен за масовни помилувања во својата администрација по примерот на Бајден

По историскиот одзив на арапските гласачи, Џабарен најави поддршка за опозицијата за спречување нова влада на Нетанјаху

Телефоните на германските министри и пратеници биле цел на напади од шпионски софтвер