Утрински Весник
Македонија

Изборниот штаб на ДПА ќе го раководи генералниот секретар Сали Ајдини

Изборниот штаб на ДПА ќе го раководи генералниот секретар Сали Ајдини

Тетово, 22 февруари 2020 (МИА)- Изборниот штаб на Демократската Партија на Албанците (ДПА) ќе го раководи генералниот секретар Сали Ајдини. Оваа партиска одлука беше донесена денес во Тетово каде се одржа редовен состанок на Централното претседателство во проширен состав со претседатели на ограноци.

– Покрај шефот Сали Ајдини, за членови на изборниот штаб се избраа Луан Треси, Билал Ибиши, Раметула Кучи, Дритон Ибиши, Мусадик Бекири и Фатмире Исаку, истакна по состанокот Исаку, која воедно има една од потпретседателските функции.

Пред почетокот на состанокот партискиот претседател Мендух Тачи на брифинг со новинарите истакна дека за предизборни коалиции се разговара само со Весел Мемеди од НДП. Според Тачи нема дијалог со СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, а и не очекува поради големите разлики меѓу партиите. ас/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври