Утрински Весник
Свет

Избори во Словенија: Излезност до 11 часот 21,05 отсто

Избори во Словенија: Излезност до 11 часот 21,05 отсто

Во Словенија до 11 часот своето право на глас на парламентарните избори го искористиле 21,05 отсто од гласачите, соопшти Државната изборна комисија (ДВК).

Како што изјави на прес-конференцијата претседателот на ДВК Душан Вучко, правото на глас го искористиле 356.976 гласачи.

Најголема излезност е забележана во изборната единица Крањ, каде што изнесува 22,87 отсто, а најмала во Марибор – 19,86 отсто, објави ДВК.

Околу 3 часот по полноќ низ Словенија утринава се отворени околу 3.000 избирачки места за изборите за 90 пратеници во Народното собрание (Парламентот).

Гласачите можат да гласаат до 19 часот, а дотогаш е изборен молк. Која била волјата на гласачите делумно ќе се знае вечерва нешто по 20 часот, кога Државната изборна комисија најави дека ќе ги објави првите нецелосни резултати.

Предвремено се гласаше во среда и четврток од 7 до 19 часот.

Можете да прочитате

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури

Еден загинат, 11 повредени во судар на воз и туристички автобус во Русија

Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица