Утрински Весник
Македонија

Избоден затвореник во „Идризово“

Затвореник од „Идризово“ вчера бил прободен со нож од страна на друг затвореник.

dobivaj vesti na viber

Од МВР во дневниот билтен информираа дека затвореникот е пренесен во болница.

„На 19.08.2022 во 18.00 часот во СВР Скопје од КПУ Идризово било пријавено дека околу 17.45 часот затвореникот И.И.(35) бил прободен со остар предмет од страна на друг затвореник И.К. Повредениот бил пренесен во амбулантата при КПУ Идризово за укажување на лекарска помош, по што бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Можете да прочитате

Младеновска: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

ОЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира

Крајовски: Битолчани се колатерална штета на бизнисите на ВМРО-ОКГ и Мицкоски, бараме истрага за труењето во РЕК