Новите капацитети за производство на енергија од обновливи извори на енергија, ОИЕ, годинава ќе се зголемат за 4 отсто и ќе достигнат рекордни 198 гигавати, GW, покажува годишниот Извештај на ИЕА (Меѓународната еганција за енергија), пренесува „Сибиз“ (Seebiz.eu), регионалниот деловен портал.
Тоа значи дека нивното учество во вкупниот годишен раст на енергетските капацитети ќе достигне речиси 90 отсто. Се очекува годинава зголемено учество на енергијата од ветерот да изнесува 8 отсто, а од хидроенергијата за 43 отсто, додека растот на соларната енергија ќе остане стабилен. Ќе се инсталираат повеќе сончеви постројки од комунални размери, додека растот на дистрибуираните ПВ соларни системи ќе се намали за 8 осто, затоа што поединци и компании ќе ги сменат досегашните приоритети на инвестирање, поради економската криза.
Во првата половина од годинава овие проекти од ОИЕ беа забавени поради пандемијата на ковид-19, што предизвика прекини на планираните инвестиции и застои на веќе започнатите проекти. Но, изградбата во меѓувреме е продолжена, производството повторно забрза, а логистичките предизвици се главно решени, соопшти Извештајот на ИЕА.
Во 2021 година капацитетите од ОИЕ би требало да се зголемат за околу 10 отсто, што е најголем раст од 2015 година наваму. Производството на електрична енергија од ОИЕ годинава ќе биде поголемо за за 7 отсто, на глобално ниво, и покрај 5 годишниот пад на побарувачката, кој е најголемиот од Втората светска војна досега.
„Обновливата енергија не им се покорува на проблемите кои ги создаде пандемијата и силно расте додека другите енергетски извори се закочени“, изјави извршниот директор на ИЕА, Фатих Бирол.
Политичките фактори мора да се потпрат на силниот замав на обновлите извори на енергија, а доколку се расчистат политичките неизвесности, 2022 година би можела да донесе 271 гигавати плус од новите капацитети за производство на енергија од ОИЕ, наведува ИЕА.
Во 2025 година ОИЕ ќе станат најголем извор на производство на електрична енергија во светот, со 30 отсто учество во вкупното производство. Со тоа ќе биде завршено петдецениското владеење на јагленот како најголем глобалан извор на енергија, проценува оваа агенција.