Утрински Весник
Македонија

ИДЧПД: Адеми е недостоен да ги претставува граѓаните

Ss2

Институт за демократија, човекови права и дигнитет – Скопје го осудува вчерашниот инцидент во македонското собрание. Оттаму жалат што повторно е прекршен Деловникот на Собранието.

„ Пратеникот Арбер Адеми со манифестираното насилничко однесување кон пратениците од редовите на опозицијата покажа дека повеќе не е достоен да ги претставува граѓаните на С. Македонија.

300x250 (7)

Таквото однесување е крајно неприфатливо во рамките на работењето на една од најдемократските државни инстутиции – Собранието на С. Македонија и затоа очекуваме јавна осуда за пратеникот од страна на неговата партија – Демократската унија за интеграција, како и од другите политички партии кои се на власт. Во подемократски системи, тој досега ќе мораше да поднесе оставка и да упати извинување кон јавноста“ се вели во соопштението.

Во духот на демократијата и европските вредности, според ИДЧПД, пратеникот Адеми најмалку што може да направи во овој момент е да се извини на пратениците, кои на вчерашната седница, од негова страна, беа физички и вербално нападнати.

Како што наведуваат, Владата треба да има во предвид дека зачестените инциденти во законодавниот дом влијаат негативно врз репутацијата на државата пред македонските граѓани, но и пред меѓународната заедница. Исто така, потенцијалните странски инвеститори нема да отвараат нови производствени капацитети во државата доколку таа е неуредна и нестабилна.

Ss1

Можете да прочитате

Сообраќајка кај Градско-четири лица се повредени меѓу кој и двегодишно дете

Мицкоски: Со дигитална трансформација ВМРО-ДПМНЕ ќе направи комуникација помеѓу институциите во Македонија

Ограбиле казино на патот Тетово-Јажинце, па полицијата ги уапси по неколку часа