Виктор Фонт 48 годишниот бизнисмен од Барселона има големи шанси во иднина да биде новиот претседател на славниот клуб од овој град. Фонт повеќе од една година работи на својата кампања.
Барселона минува низ тежок период, не само поради дебаклот од Баерн Минхен, туку поради турбулентната сезона во која останаа без трофеј.
Пред два дена Роналд Куман стана нов тренер на стручниот штаб, а Виктор Фонт за медиумите изјавил дека доколку биде избран за претседател ќе го избрка холандскиот тренер од клубот.
„Дури и да има волшебно добра сезона јас нема да го сменам мислењето. Ќе му врачам отказ„, рекол Фонт.
„Ги предупредувам сите, Куман нема да биде тренер на Барселона во сезоната 2021/2022. Човекот кој разбира како треба да бидат наредени сите коцки во клубот и тимот се вика Чави Ернандез. Околу именувањето на новиот тренер одлучува бордот на директори, но во овој случај се знае каква ќе биде судбината на Куман. Видете го Меси…Човекот е разочаран, полуден е од хаосот во клубот. Јас ќе порачам дека Чави ќе му биде тренер на Меси во 2021 година“, рекол човекот кој најверојатно ќе го наследи на функцијата актуелниот претседател Џосеп Марија Бартомеу.
> Идниот претседател на Барселона вели: Најпрвин ќе го избркам Куман <