Утрински Весник
Магазин

Бен Афлек се враќа како Бетмен во „Флеш“

Бен Афлек се враќа како Бетмен во „Флеш“

Бен Афлек ќе ја стави наметката на човекот лилјак за да ја повтори улогата на суперхерој во најновото продлжение на блокбастер серијалот „Бетмен“ со оригинален наслов The Flash.

Афлек ја играше улогата на Брус Вејн во „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“, и доби мешани критики за тоа како го одглуми расположениот борец против криминалот.

Но, очигледно Афлек (48) се потпишал на проектот на „Ди-Си комикс“ откако го добил сценариото на крајот на минатата недела, пренесува „Венити феар“.

Режисерот на „Флеш“, Енди Машети, смета дека Бен е совршен за мажествениот, но сепак ранлив лик“, како што рече за „Венити феар“. „Тој знае како да го долови карактерот на ликот кој го глуми“.

„Неговиот Бетмен има дихотомија која е многу силна, а тоа е неговата машкост – поради начинот на кој тој изгледа и импозантната фигура што ја има, но тој е исто така многу ранлив“, вели режисерот во интервју за магазинот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вакцина против старечките „зомби“ клетки

Eдноставни тестови откриваат дали доматот е навистина добар

Голема наградна игра за третиот роденден на Diamond Mall – атрактивен автомобил е главната награда