Утрински Весник
Македонија

Идната недела скрининг за вработените во тетовските градинки

Идната недела скрининг за вработените во тетовските градинки

Тетово, 20 мај 2020 (МИА)Општинската јавна установа детска градинка „Младост”- Тетово заедно со здравствените институции на 26 и 27 мај ќе направат скрининг за вработените воспитувачки и негувателки за да се испита дали има заболени од коронавирус пред почетокот со работата и приемот на деца. Установата има 137 вработени кои ќе бидат поделени во две групи во двата дена за утврдување на присуство на вирусот.

-Во меѓувреме направивме анкета со родителите и испитувањето ни покажа дека околу 20 отсто или околу 150 од децата ќе продолжат од 1 јуни да ги носат во градинките за дневно згрижување. Ние согласно препораки ги променивме сите душеци за спиење. Доставивме податоци до Министерството за добивање на дигитални топломери. Иако не се работи, редовно се извршува дезинфекција и дератизација за да има што подобри услови за престој на децата, изјави Рамие Даути, директорка на јавната установа.

Таа информира дека на објектот градинка Тетекс се изведуваат градежни работи за реновирање на фасадата.ас/ир

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Љутков: По инцидентот во Кочани, вонредна инспекција покажа дека дел од културните објекти се небезбедни за јавноста

Република Северна Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК

Мицкоски оди за Црна Гора на самитот ЕУ – Западен Балкан