Утрински Весник
Спорт

Играчите на Реал М. завршија со карантин, но остануваат дома  

Играчите на Реал М. завршија со карантин, но остануваат дома  
300x250 (7)

Мадрид, 27 март 2020 (МИА) – Кошаркарите на Реал Мадрид завршија со двонеделниот карантин, но и тие и фудбалерите остануваат во изолација во домашни услови. Освен Треј Томпкинс, никој друг не е заразен со Ковид-19, објави шпанскиот весник „Ас“.

Околу 750 вработени лица во сите секции на Реал Мадрид беа ставени во карантин на 12 март, но сега може да здивнат. Шпански „Ас“, сепак, нагласува дека нема многу работи да се променат и дека се обврзани и натаму да ги почитуваат протоколите.
И фудбалерите работат по зададените задачи на Зинедин Зидан. Тие и натаму ќе останат во своите домови, во постојан контакт се со медицинските лица во клубот и работат на одржување на формата во што од голема помош е што сите имаат свои домашни теретани. сѓд/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Од следната сезона натпреварите од Ла Лига ќе се играат во САД

Енцо Фернандез ја заврши сезоната, мора да оди на операција на препоните

Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та