Утрински Весник
Култура

Играниот филм „Дедо и внук“ ја започна својата светска промоција

Играниот филм „Дедо и внук“ ја започна својата светска промоција

Играниот филм „Дедо и внук“ ја започна својата светска промоција со интернационалната премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Приштина, ПРИФЕСТ 2020, кој е најважниот филмски настан што се одржува на Косово.

Фестивалот се состои од четири програми за натпреварување: програма за европски филмски натпревар, програма за балкански филмски натпревар (позната и како Крв и мед), натпреварувачка програма со средна должина (составена од филмови во должина од 25-60 мин.)

Дебитнатскиот игран филм на Илија Пиперкоски „Дедо и внук”, оваа година беше дел од програмата Крв и мед, на 12-то издание на фестивалот кое што поради ковид пандемијата се одржа во хибридно онлајн издание.

Asian Cinematography Awards (ACA) е филмски фестивал основан и управуван од професионалци во филмската индустрија на Фондацијата за награди за кинематографија во Манила. Негувајќи ја кинематографската работа фестивалот доделува награди преку целата година на најдобрите кинематографи. На овој фествал наградата за најдобар Директор на Фотографија – Кинематографер ја доби Патру Паунеску за филмот „Дедо и внук“.

Филмот го продолжува фестивалскиот живот на фестивалот Дардан фест во Албанија, на крајот од месецот Октомври.

Филмот ја раскажува приказната по смртта на еден млад пациент, во која младиот доктор Никола се обидува да направи ред во својот живот и оди на посета кај неговиот дедо. Последен пат бил кај него пред 10 години. Ова е филм за конфилкт на генерации, со контраст на морални вредности, моменти за втора шанса. Љубовта не е нешто кое треба да биде научено. Тоа е нешто кое веќе го имаме, но иронично е тоа Што секогаш мора одново да го научиме. А со која цел? Да станеме почисти луѓе, како некогаш кога бевме деца.

Главните улога во филмот ги толкуваат Дејан Лилиќ, заедно со Салаетин Билал (19 март 1942 – 10 мај 2018), Даниела Ивановска, Благој Веселинов, Горан Стојаноски и други.

Филмот комплетно се снимаше во Охрид, и ова е за прв пат во поновата Македонска филмска историја, игран филм во целост да е снимен во Охрид, и креиеран од автор кој живее и твори во Охрид. Авторска екипа ја сочинуваат Директорот на фотографија од Романија – Патру Паунеску, сценографијата во филмот ја креира Владимир Зафирковски, Костимограф е Жаклина Крстевска, автор на шминката и маските е Клаудиа Мусат, снимател на звукот е Мариус Станеску, монтажер е Данчо Стефков, композитор е Оливер Тевчев, а продуцент на филмот е Огнен Антов.

Филмот е финансиски помогнат од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“