Утрински Весник
Култура

Игор Иванов-Изи избран за претседател на Друштвото на филмските работници

Игор Иванов-Изи избран за претседател на Друштвото на филмските работници
Dik 300x250 mk

На вчерашното редовно изборно Собрание по четиригодишниот мандат како претседател на Друштвото на филмски работници, со големо мнозинство гласови беше реизбран Игор Иванов-Изи.

На истото Собрание беа усвоени и извештаите на: Симеон Мони Дамевски за ИФФК „Браќа Манаки“, Томи Салковски за „Златна Рамка“ – Ревија на македонски филм и на Иван Ивановски за „50 години македонски анимиран филм“.

Игор Иванов – Изи ќе го предводи Друштвото на филмски работници во наредните четири години. Во овој мандат, фокусот ќе биде ставен на зголемувањето на националниот буџет за филм и други аудиовизуелни дела, донесување на нов закон за филмска дејност и конечно решавање на статусот на филмските работници.

Текстот Игор Иванов-Изи избран за претседател на Друштвото на филмските работници е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“