Утрински Весник
Македонија

Игор Бимбилоски нов член на Извршниот одбор на СДСМ

Игор Бимбилоски нов член на Извршниот одбор на СДСМ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На последната седница на Централниот одбор за член на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз беше избран Игор Бимбилоски од Охрид.

Од СДСМ информираа дека Бимбилоски е доктор по технички науки на Електро-техничкиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, успешен и докажан менаџер во приватниот информатички и телекомуникациски сектор.

Игор Бимбилоски е актуелен генерален директор на Телелинк Групација во Албанија.

Претходно Билбилоски извршувал високи раководни функции во големи телекомуникациски компании во Република Северна Македонија и Република Албанија. Бил претседател на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

Зад себе Бимбилоски има и партиски функции како претседател на ОО СДММ Охрид и Генерален секретар на СДММ во периодот од 2000 до 2001 година.

Со изборот на Бимбилоски, се комплетираше составот на Извршниот одбор на СДСМ каде целосно е запазена родовата еднаквост, односно од 18 членови, девет се мажи а девет жени.

Можете да прочитате

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата 

Сончево и студено време со засилен северен ветер утре

Осумгодишно дете од Врапчиште повредено од експлозија на петарда