Утрински Весник
Магазин

„Иглс во живо 2018“ ќе биде првиот концерт што ќе се емитува на ЕСПН

„Иглс во живо 2018“ ќе биде првиот концерт што ќе се емитува на ЕСПН

Кабловска спортска мрежа ЕСПН ќе емитува музички концерт в недела, 4 јули.

Најголемата спортска ТВ-мрежа во САД ќе го емитува „Иглс во живо од Форумот MMXVIII“ (Live from the Forum MMXVIII) снимен на легендарното место за концерти во Лос Анџелес во 2018 година.

Американскиот поп-рок бенд Иглс, познат по култната “Хотел Калифорнија“, имаше три распродадени концерти на ова место на 12, 14 и 15 септември.

ЕСПН во недела ќе емитува збир на најзначајните содржини од трите настапи компилирани во нов албум со 26 песни и концертен филм, пренесе Варајати.

Текстот „Иглс во живо 2018“ ќе биде првиот концерт што ќе се емитува на ЕСПН е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Замастен црн дроб: Фактори на опасност и совети

Мбапе не може да вози автомобил обезбеден од Реал Мадрид

Крцкаво пилешко мевце, се приготвува многу лесно, а тајната е во една состојка