Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска изјави дека соопштението што го објави ДКСК на 29 април не се однесува на содржината на донесеното Решение со кое Уставниот суд го запира извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на Уредбите со законска сила, бидејќи за тоа е надлежен и одговорен Уставниот суд, туку дека се однесува во смисла на судир на интреси на уставните судии во конкретното постапување.
– Соопштението на ДКСК од 29 Април се однесува на постапувањето на Уставниот суд во смисла дали постои судир на интереси на уставните судии во конкретното постапување, односно дали Уставниот суд треба или не треба да постапува по иницијативата за оценка на уставноста и законитоста на Уредбите со законска сила за определување на висината на платата на избраните и именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба (Сл. бесник на РСМ бр.97/2020 и Сл. Весник бр. 100/2020), вели Ивановска.
Ставот на ДКСК, наведува таа, произлегува од надлежноста на Уставниот суд утврдена со Уставот, според која, Уставниот суд е единствен орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста и одлучува за согласноста на законите со Уставот и согласноста на другите прописи и колективни договори со Уставот. ев/скс/