Утрински Весник
Свет

Иванка Трамп се вакцнираше, охрабрува и другите луѓе да го сторат тоа

Иванка Трамп се вакцнираше, охрабрува и другите луѓе да го сторат тоа

Ќерката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Иванка Трамп, ја прими првата доза на вакцина од „Фајзер“ против коронавирусот и испрати порака за охрабрување до другите луѓе што побрзо да се вакцинираат.

Во писмена изјава за АП, Трамп изјави дека вакцинацијата е најдобар начин да го победиме овој вирус и да се заштитиме себеси и другите.

Според две лица запознати со плановите на Иванка Трамп, кои побарале да останат анонимни, таа имала право да се вакцинира заедно со другите членови на Белата куќа кога работеше како виш советник, но тогаш решила да почека.

Трамп (39) вакцината ја примила на Флорида, каде што лицата постари од 15 години имаат право да се вакцинираат.

Можете да прочитате

Техеран најавува напредок во индиректните разговори со САД

Зеленски: 2.000 украински деца се вратени од руско заробеништво

Петмина млади загинаа во пожар во магацински простор на станбена зграда во Шпанија