Утрински Весник
Свет

Ивана Банфиќ сведочи за страшниот земјотрес во Петриња: Луѓето ги пренесуваат повредените соседи во гепек

Ивана Банфиќ сведочи за страшниот земјотрес во Петриња: Луѓето ги пренесуваат повредените соседи во гепек
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пејачката Ивана Банфиќ открива детали за состојбата во Хрватска по разорниот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала. Како што наведува таа за „Блиц“, итната помош не стигнува секаде па соседите ги пренесуваат повредените во нивниот автомобил и гепек.

Банфиќ, која со сопругот и синот живеат недалеку од Петриња, местото кое денеска беше погодено од силен земјотрес, се огласи и откри дека сите се во добра состојба, но многу исплашени.

„ Драги мои кои се обидувавте да ме добиете на телефон. Ние сме сите добро, живи и здрави. Епицентарот беше на 3 километри од нас. Ова е најстрашно искуство во животот… Ни падна кровот, се се сруши, во куќата се уште не сум била, бидејќи многу се плашам. Седам со детето и сопругот во комбе. Луѓето во Сисак сите се на улица, ги превозуваат повредените со автомобили и во гепек, зашто итната помош не стигнува кај сите“ рекла Банфиќ и додала дека се ќе се поправи, но животот нема да се врати ако го изгубиме.

„Останува да веруваме дека се ќе биде добро…Тоа е единствено што можеме“ заклучи таа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп