Утрински Весник
Спорт

Ибрахимовиќ се враќа во Италија

Ибрахимовиќ се враќа во Италија

Милано, 7 мај 2020 (МИА) – Златан Ибрахимовиќ се враќа во Милано в сабота, објави „Газета Дело Спорт“.

Шведскиот напаѓач на Милан беше во татковината за време на вонредната состојба, но по олеснување на мерките се очекува Ибрахимовиќ да се врати во клубот до сабота, по што ќе биде сместен во задолжителен двонеделен карантин.

Златан го помина карантинскиот период во татковината, каде се задржа во форма со Хамарби и призна дека се чувствува добро со клубот, чии 23 отсто од акциите ги купил минатата година.

Ибра се очекува да се врати дома во петок или сабота, што ќе значи дека ќе може да започне со тренинзи на 24 мај.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот