Утрински Весник
Македонија

Иако во Тетово најмногу заразени има на веселби на затворено, Комисијата засега нема да воведе забрана

Иако во Тетово најмногу заразени има на веселби на затворено, Комисијата засега нема да воведе забрана
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Тетово најголем број од новите случаи на заразени со коронавирус се поради непочитување на протоколите за време на семејни веселби во затворен простор, но и покрај тоа Комисијата за заразни болести, на денешниот состанок одлучи да не препорача нови мерки за заштита од коронавирусот.

По состанокот беше заклучено дека мерките би се заостриле во моментот кога ќе се укаже таква потреба, а засега состојбата е стабилна.

Оттука нагласија дека лесно зголемување на позитивни од тестирани за Ковид-19 има во Скопје и Тетово.

„Според анализите во Тетово ширењето на вирусот е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни веселби и друг тип веселби во затворен простор. И покрај бројот на активни случаи и позитивни од тестирани за Ковид 19, состојбата е стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации“, велат од Комисијата за зразни болести.

Министерството за здравство апелира граѓаните да се придржуваат кон препораките за заштита и спречување на ширење на вирусот Ковид 19.

Можете да прочитате

Разбиено злосторничко здружување во ЕСМ – Договори местени за 7,6 милиони евра

Нов модел на специјализации, темелно се менува пристапот за креирање медицински кадар

Николоски и Мисајловски на работна посета во Република Унгарија