Утрински Весник
Македонија

Зaпочна вакцинацијата на хронично болни пациенти од 20 до 40 години

Вчера се вакцинирале 13.482 граѓани

Министерството за здравство ја информира јавноста дека почнувајќи од денеска и во следните два дена, сите хронично болни пациенти и со ризик од Ковид-19, на возраст од 20 до 40 години, кои се пријавиле за вакцинација до 30 април годинава, ќе се вакцинираат на вакциналните пунктови низ државата.

Како што информираат од респрното министерство, опфатени се повеќе од 40 дијагнози или повеќе од 10 групи на дијагнози кои биле одредени како ризични од страна на Универзитетските Клиники и граѓанските здруженија, како кардиовахулаторни, респираторни, бубрежни, ендокринолошки, малигни, невролошки и останати заболувања и состојби.

Можете да прочитате

Во изминатите девет часа најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка, до крајот на денот се очекува висок водостој на Вардар, Црна и на Треска

Старица претепана и ограбена во својот домот, разбојникот во притвор

(Фото) Пожар во Кисела Вода: Автомобил изгоре меѓу згради кај Расадник