Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Зошто мачките не сакаат да ги држите в раце?

300x250 opst2

Вашата мачка не сака да се гали или да се склопчи во вашиот скут додека се одморате на каучот? Секогаш кога ќе ја земете в раце, таа бега? Вие не сте единствени со овој проблем, што всушност и не е проблем.

Само неколку раси толерираат да ги земете во скутот и да останат таму – барем некое време. Зошто?

Се смета дека ова е уште една причина зошто мачките имаат репутација на независни животни, кои сакаат сами да одлучуваат како ќе комуницираат со вас. Тешко е да ги натерате да направат нешто што не сакаат да го прават.

Ваквиот став е причината зошто вашето милениче избегнува каков било обид да го држите в раце. Некои мачки никогаш не се дружеле доволно со луѓето додека биле мали. Други можеби никогаш нема да се чувствуваат безбедно во вашите раце, од страв да не ги испуштите.

Тие се чувствуваат непријатно кога ќе ги земете в раце бидејќи наглите движења може да им предизвикаат болки во зглобовите.

Во секој случај, повеќето мачки ќе уживаат во вашето друштво додека седат на вас или до вас додека ги мамите со омилените грицки.

Овие животни имаат тенденција да мислат дека само нивните идеи се добри, па затоа не треба да се принудуваат на галење и гушкање бидејќи тоа може да им предизвика стрес.

Можете да прочитате

TECHMECH 2025 – Саем за пракса и вработување на Машинскиот факултет

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД: „БИЗНИС ЛИДЕР“ ЌЕ ГИ НАГРАДИ НАЈУСПЕШНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ ЗА 2024 ГОДИНА

Овие 2 знака ќе се збогатат или ќе освојат премија – и тоа веќе до ноември