Утрински Весник
Македонија
Img 7972

ЗНМ повикува на транспарентна и непристрасна истрага за рекламирањето на партиите на последните избори

ЗНМ ги осуди нападите врз Мирослава Бурнс и Љупчо Златев
300x250 opst2

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) реагира на објавата на Основното jавно oбвинителство во која информираат дека е отворена истрага за платеното политичко рекламирање од последните избори во дел од онлајн медиумите кои беа пријавени во Државната изборна комисија на последните избори.

Според ОЈО и објавите на медиумите за овој случај, се проверува документацијата во три фирми дали е надминат законскиот лимит од 15 илјади евра за рекламирање во вкупно девет портали каде ВМРО ДПМНЕ се рекламирала.

„Бараме од ОЈО со внимателност да пристапи кон понатамошната истрага со цел да не се создаде впечаток во јавноста дека истрагата е селективна само кон една политичка партија зошто во регистарот на ДИК имаше пријавено 235 онлајн медиуми со различни уредувачки политики, а речиси половина од нив без објективна информација кој стои зад нив. Освен ова, истрагата треба да е транспарентна и непристрасна со цел да се избегне перцепција дека со вакви активности органите на прогонот сакаат да ги заплашат професионалните онлајн медиуми“, велат од ЗНМ.

Здружението потсетува дека пред усвојувањето на Изборниот законик, ЗНМ како партнер во процесот на консултациите од Министерството за правда инсистираше на укинување на праксата на платена политичка пропаганда во медиумите.

„Наместо нашите препораки, политичките партии со консензус уште повеќе ги намалија критериумите за кои онлајн медиуми можат да се пријават во ДИК за платена политичка програма. За овој ризик од корупција дозволен со Изборниот закон, ЗНМ алармираше на повеќе наврати дека претставува ризик за перење на јавни пари од страна на политички партии преку фиктивни медиуми“, велат од ЗНМ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Владата на Мицкоски ја води државата во економски амбис, буџетска дупка од 1,4 милијарди евра

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени