Утрински Весник
Македонија

ЗНМ: ДУИ да престане со етикетирање новинари

ЗНМ и СЕММ објавија правилник и формулар за регистарот на он лајн медиуми
Img 5587

Скопје, 19 мај 2020 (МИА) – Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува етикетирањето на претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети кон новинарот на онлајн медиумот „In7.tv“, Албрим Хоџа. По вчерашната лидерска средба, Ахмети даде изјава за медиумите и по новинарското прашање на Хоџа, тој го обвини новинарот дека бил „зачинет“.

– Сметаме дека јавните функционери, а особено лидерите на политичките партии, треба да се воздржат од изјави кои што на кој било начин може да се сфатат како етикетирање на новинарите, бидејќи тоа не е во духот на европските и демократските вредности. Таквите изјави може да стимулираат напади и закани врз новинарите од страна на партиските припадници, а тоа со себе може да повлече многу негативни последици. Впрочем, на оваа изјава на Ахмети кон истиот новинар неодамна му претходеше повикување  на информативен разговор во полициска станица во Струга каде бил распрашуван за неговите извори на информации што претставува обид за заплашување, наведува ЗНМ во денешното соопштение.

Img 5587

Здружението го потсетува Ахмети дека новинарите се гласот на јавноста и нивна главна задача е да истражуваат и да поставуваат прашања кои се од јавен интерес, додека политичарите се тие кои треба да дадат одговори на тие прашања и да обезбедат безбедни услови за вршење на нивната работа.

Ова, оценува ЗНМ, не е прв случај на непримерно однесување на претставниците на оваа партија кон новинарите и затоа ќе бидат информирани сите релевантни домашни и меѓународни организации за овој, како и за претходните случаи.

– Ги повикуваме политичките партии сериозно да поработат на односот со новинарите бидејќи токму тие се главната причина за слабото рангирање на земјата на светските индекси за слобода на медиумите и безбедноста на новинарите, стои во реакцијата на ЗНМ. мч/сп/  

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Единаесетти парламентарни избори, се кандидирале 1002 мажи и 753 жени

Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија 

Таравари-Ванхоуте: Европскиот пат на земјата ќе биде во сигурни раце