Утрински Весник
Македонија

ЗНМ бара почитување на Ковид протоколите во Владата за заштита на медиумските работници

ЗНМ бара почитување на Ковид протоколите во Владата за заштита на медиумските работници

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) побара од Владата да ги почитува протоколите и да обезбеди соодветни услови за работа на медиумските работници.

„По добиени поплаки од страна на членови на секцијата на сниматели при ЗНМ, апелираме дека Владата на РСМ треба да ги почитува здравствените протоколи за медиумско покривање на настани во затворен простор. Имено, на фотографиите од денешниот настан може да се забележи дека снимателите немаат безбедни услови за работа поради несоодветниот простор во кој нема речиси никаква дистанца помеѓу медиумските работници, а со тоа директно се изложени на здравствен ризик по нивното здравје“, велат од ЗНМ.

Здружението на новинарите бара од Владата кога има ваков тип на настани за медиумите во иднина да се обезбедат соодветни услови за нивна работа и строго да ги почитуваат здравствените протоколи предвидени за јавни настани.

Можете да прочитате

Апел: Итно е потребна крв од групата Нулта негатив за Виктор Димов

Опасност од нови поплави: Во Македонија доаѓа нов Џеновски циклон

Средби со технолошки лидери на Андоновски на почетокот на посетата на САД