Утрински Весник
Свет

Злосторство од омраза: кукли обесени во шведска синагога за време на Пасха

Злосторство од омраза: кукли обесени во шведска синагога за време на Пасха
Dik 300x250 mk

Шведската полиција истражува инцидент во кој беа обесени кукли во синагога во градот Норкепинг. Заедно со куклите имало и писмена порака, која е класифицирана како поттикнување насилство против етничка група.

„Ова е класифицирано како злосторство од омраза, чија цел е да шири изјави, кои прететавуваат закана или угнетување етнички групи“, изјави портпаролката на полицијата, Ангелика Израелсон Силфвер, за „Експресен“.

Полицијата во моментот нема осомничени и очекува дојави од јавноста.

Евреите во светот во моментот ја слават Пасха, позната и како Песах. Поради верскиот празник, полициското присуство е засилено во синагогите и во центрите на заедницата во Норкепинг и другите шведски градови.

„Се обидуваме да воспоставиме дополнителна контрола“, рече Силфвер.

Еврејската заедница во Шведска потекнува од 17 век. Со 20.000 припадници, претежно население во најголемите градови во земјата, таа е меѓу најголемите во ЕУ. Во последните години членовите на дијаспората сигнализираа дека се сведоци на зголемено малтретирање, напади и прогон.

Многумина сметаат дека овој современ антисемитизам е главно производ на масовната миграција на муслиманите, кои со себе во Шведска ги носат антиеврејските ставови на нивните земји на потекло. Самиот премиер Стефан Лофвен ја припиша оваа појава делумно на фактот дека холокаустот полека паѓа во заборав и делумно на масовната имиграција од Блискиот Исток.

Можете да прочитате

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната 

Новиот пакет санкции кон Русија вклучува 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети