Утрински Весник
Магазин

„Златна малина“: Ова е убедливо најлошиот филм снимен минатата година

„Златна малина“: Ова е убедливо најлошиот филм снимен минатата година

„Златна малина“, наградата за најлошо филмско остварување, традиционално се доделува непосредно пред „Оскарите“, а во саботата беше доделена по четириесет и втор пат.

Апсолутен победник е „Дијана“, мјузикл на „Нетфликс“ за покојната британска принцеза. Ова дело доби пет непожелни награди, во категориите најлош филм, сценарио, режија и главна и споредна актерка.

Претходно, критичарите истакнаа дека филмот е целосно без дух и дека е направен исклучиво за профит. Иако имаше најмногу номинации, тимот што го сними филмот веројатно не очекуваше толкав број.

А што се однесува до актерите што се закитија со „Малина“, тука е Џаред Лето за најлоша споредна машка улога како Пол Гучи во „Куќата Гучи“, а Брус Вилис доби награда во сопствената категорија Најлош филм со Брус Вилис, за Cosmic Sin („Космички грев“).

Можете да прочитате

На генералната конференција за тежини и мерки во Версај донесени одлуки за иднината на мерењето на времето

Речиси четвртина од пилотите во Европа продолжуваат со работа и покрај голем замор

Како настанала сликата „Ѕвездена ноќ“ на Ван Гог