Утрински Весник
Спорт

Златен медал за Емил Павлов од Салцбург

Златен медал за Емил Павлов од Салцбург

Скопје, 2 март 2020 (МИА) – Емил Павлов го освои златниот медал на силната карате Премиер-лига во Сацлбург, Австрија. По тој повод Агенцијата за млади и спорт (АМС) организираше прием, на кој освен Павлов, присуствуваше неговиот тренер и селектор на репрезентацијата, Сашко Арсовски, како и претседателот на карате федерацијата Горан Милковски.

Директорот на АМС, Дарко Каевски нагласи дека Агенцијата стои на располагање за сите потреби на Емил Павлов, и ќе ги овозможи сите потребни услови за одржување и подигање на формата за наредните настапи во Баку и ЕП во Париз, од каде се очекува обезбедување на норма за настап на ОИ во Токио.

-Емил е пример како еден спортист треба да се однесува, и за нас е еден од најуспешните спортисти во државава, истакна Каевски.

Пет победи во пет борби, од кои во борбата за злато Емил направи пресврт во последните секунди и успеа да го сврти резултатот во своја корист и да го освои посакуваниот златен медал.

Во момемтов Павлов е седми на Европската ранг листа, и за да обезбеди пласман на ОИ ќе мора да се избори најмалку за бронзен медал на претстојното ЕП, кое од 8-10 мај ќе се одржи во Париз. сѓд/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ

Ајкула, заробена во крајбрежен парк во Јужна Кореја, не сака да си замине, стана вистинска туристичка сензација