Утрински Весник
Спорт

Зидан со една изјава ги загржи навивачите на Реал

Зидан со една изјава ги загржи навивачите на Реал

Реал Мадрид во четвртокот ја освои 34 титула во клупската историја, а Зинедин Зидан покажа дека знае да освојува трофеи.

Претседателот на Реал Флорентино Перез додека играчите славеа изјави дека приоритет ќе му биде Зидан да остане на тренерската позиција. Сепак на денешната прес-конференција, во пресрет на утрешниот натпревар со Леганес во Ла Лига Зидан со една своја изјава ги шокирал присутните новинари.

„Мене ми е преубаво во Реал и секој ден размислувам дека тоа еден ден ќе мора да заврши, исто како што тоа веќе еднаш и се случи. Бидејќи тоа е неизбежно, решив да живеам од ден за ден и да не размислувам што ќе ми донесе иднината“, рекол Зизу и продолжил.

„Никој не знае што ќе се случи. Имам договор, сакам да сум во реал, но никогаш не можете да знаете што може да се случи во фудбалот. Тука секојдневно се менуваат работите и никогаш не се знае што може да донесе иднината“, заклучил тренерот на Реал.

> Зидан со една изјава ги загржи навивачите на Реал <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз

Шерифовски поразен на турнирот во џудо

Египќанка во седмиот месец од бременоста победи во меч во мечување