Мадрид, 13 јуни 2020 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан пред мечот со Еибар ги сподели своите размислувања за борбата за трофејот во првенството на Шпанија.
– Ситуацијата е таква што заостануваме два бода. Понекогаш не се изразувам многу добро на шпански јазик. Секој натпревар е важен за мене, ова важи и за пријателските средби. Има многу до крајот. Шпанскиот фудбал не е доволно лесен, соочени сме со тешки ривали. Сепак, треба да се знае дека кога се носи дресот на Реал Мадрид, секој натпревар е важен. Очекувам со такви мисли да влеземе на секој меч до крајот и да се радуваме на трофејот, рече Зидан.
Мадридскиот клуб, по 27 рунда во Ла Лига, е на два бода заостанување од водечката Барселона.
Реал Мадрид утре во рамките на 28. коло ќе игра со Еибар. зс/