Утрински Весник
Спорт

Зидан: Покажавме карактер! Ќе ја поминеме групата

Зидан: Покажавме карактер! Ќе ја поминеме групата

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е задоволен од реакцијата на неговите играчи, кои во Менхенгладбах успеаја да освојат бод против Борусија, иако до 87 минута губеа со 2:0.

„Покажавме карактер! Горд сум на играчите“, рекол Зидан и дополнил.

„Игравме добро, дури и во моментите кога губевме верувавме дека можеме да се вратиме. Резултатот не ги задоволува нашите амбиции, ние секогаш одиме на победа, но задоволен сум од играта“.

Реал во првите две кола, во Б-групата, има освоено само еден бод и се наоѓаат на последното место на табелата.

„Ќе поминеме во наредната фаза. Иако сега не победивме, игравме добро. Ако продолжиме вака, ќе направиме големи работи. Видов добра претстава на мојот тим“, заклучил Зидан.

Реал во наредните две кола ќе игра со Интер, најпрвин во Мадрид, а потоа во Милано.

> Зидан: Покажавме карактер! Ќе ја поминеме групата <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Реал Мадрид реши да купи нов голман по катастрофалниот пораз од Барселона

Вејд доби статуа која не личи на него

Георгиевски освои сребро Г1 светскиот куп во Букурешт