Утрински Весник
Спорт

Зидан: Не ја почитуваа мојата работа

Зидан: Не ја почитуваа мојата работа

Зинедин Зидан, ов отворено писно до јавноста, објаснил зошто решил да замине од Реал Мадрид. Зидан, реши спогодбено да се раздели од клубот, иако имаше договор и за наредната сезона.

Зинедин Зидан, во два мандати, го предводел Реал на 263 натпревари, забележал 217, освоил три трофеи во Лигата на шампиони, два во Ла Лига.

„Заминувам, но не го напуштатм бродот и не сум уморен од тренинзите. Во мај 2018 година решив да замина бидејќи за две и пол години имавме толку победи и трофеи поради што чувствував дека е потребно нешто ново за да остане клубот на врвот. Денес работите се поинакви. Заминувам бидејќи од клубот не ја добивам потребната доверба. Немаат доверба во мене да работат на подолг период. Го познавам фудбалот, знам какви се барањата на Реал, знам дека мора да заминеш доколку не победуваш. Но тука заборавија една важна работа, заборавија се што градев секојдневно. Се што направив е поврзано со односите помеѓу играчите и 150 луѓе кои беа околу тимот со кој работев. Јас сум роден победник и тука сум да освојувам трофеи, но над се јас сум човек, имам емоции, имам свој живот. Чувствував дека дека тие работи не беа доволни“, напишал Зидан.

„Болно беше кога по секој пораз читав дека ќе ми врачат отказ доколку не победам во наредниот натпревар. Ме болеше тоа бидејќи медиумите со цел креираа негативна атмосфера. Добро е што со себе имав извонредни момци, кои до смрт беа со мене. Кога работите не беа добри, тиа ме спасуваа со фантастични победи. Веруваа во мене, како што јас верував во нив. Јас не сум најдобриот тренер во светот, но способен сум да им дам сила и самодоверба на фудбалерите“.

> Зидан: Не ја почитуваа мојата работа <

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ