Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Зидан: Не размислувам за отказ!

Зидан е соочен со отказ, ќе го наследи клупската легенда
Img 7972

Двата порази од Шахтјор со 3-2 и 2-0 го оддалечија Реал Мадрид од нокаут-фазата, но пулените на Зинедин Зидан утре од 21 часот се имаат во своите раце. Победа против Борусија Менхенгладбах во Мадрид ги носи „кралевите“ во следна фаза.

„Знаеме каква е ситуацијата и сакаме со 3 бода да ја завршиме групната фаза. Сите мечеви се важни, но ова е посебна можност да покажеме каков тим сме. Борусија Менхенгладбах е сјајна екипа, со одличен контранапад, физички се добри и имаат сјајна техника. Потребно е утре само да функционираме како колектив“ изјави денеска тренерот Зидан.

Јавноста во Шпанија веќе полемизира за тоа дали му следува отказ на Зидан доколку Реал не ја совлада Борусија.

„Управата ќе го направи тоа што мора. Не размислувам за отказ. Единствено за што размислувам се играчите и како треба да одиграме утре“ вели Зизу.

Поради повреди, утре нема да ги има на располагање Азар, Јовиќ, Карвахал и Валверде, додека по 6 меча пауза во тимот се враќа капитенот Серхио Рамос.

> Зидан: Не размислувам за отказ! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица