Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Зидан: Навивачите веруваат дека можеме да бидеме шампиони

Зидан: Навивачите веруваат дека можеме да бидеме шампиони
Img 7972

Реал Мадрид, лесно излезе на крај со Хетафе. Мечот од првото коло, тимовите од Мадрид, го одиграа синоќа, Рела победи со 2:0.

Француската врска, Карим Бензема и Ферман Менди во 60. и 66.минута ги уништија надежите на Хетафе дека ќе можат да освојат барем бод.

За Реал победата е исклучително значајна, бидејќи е остварена без неколку играчи од стартната постава (Рамос, Крос, Карвахал, Васкез, Азар).

„Играчите добро одговорија на предизвикот, малку време имавме да ја подготвиме формацијата 3-4-3. Пред нас се уште многу натпревари, до крајот на првенството можеме да освоиме уште 48 бодови. Мислам дека нашите навивачи веруваат дека можеме да ја освоиме титулата. Ние исто така веруваме во нашите можности, има уште многу до крајот на првенството“, рекол тренерот Зинедин Зидан.

Реал, на табелата има пет поени помалку и одиграни два натпревари повеќе од лидерот Атлетико.

> Зидан: Навивачите веруваат дека можеме да бидеме шампиони <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа