Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Зидан е блиску до клупата на ПСЖ

300x250 opst2

Француската фудбалска легенда Зинедин Зидан треба да седне на кормилото на Пари Сен Жермен. Наводно, се е веќе договорено и се чека разделбата со актуелниот стратег Маурисио Покетино.

Ова го тврди Даниел Риоло, човекот кој прв ја најави преселбата на Лионел Меси од Барселона во ПСЖ, а тврдеше дека Килијан Мбапе ќе остане во Париз и нема да прави трансфер во Реал Мадрид.

Даниел Риоло гостувал во емисијата „L’After Foot“ на радио „RMC“ и потврдил дека трансферот на Зидан е договорен, само се чека официјалната разделба со Покетино.
Зидан со Реал Мадрид освои 11 трофеи, вклучувајќи и три пехари по ред во Лигата на шампионите.

> Зидан е блиску до клупата на ПСЖ <

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај