Утрински Весник
Македонија

Зибери: Задолжителни часови по албански јазик е прашање на еднаквост

Зибери: Задолжителни часови по албански јазик е прашање на еднаквост

Денес, во дворот на училиштето „Хасан Приштина“ во Чаир, кандидатот за премиер, Насер Зибери и носителот на листата изборната единица два, Арбр Адеми, остварија средба со учителите и наставниците, за да ги слушнат нивните потреби и да разговараат за можностите за подобрување на
квалитетот на образованието, особено еднаквоста во образованието.

„Мојата заложба во текот на првите 100 дена како премиер Албанец предвидува исто така и подобрување на иднината на нашите млади. Ќе го
направиме задолжително предучилишно образование и ќе обезбедиме градинки во секоја општина “- рече Насер Зибери, додавајќи дека задолжителното предучилишно образование гарантира еднакво образование за сите деца без оглед на нивниот социјален статус и им помага на новите семејства што е научно докажано, и дека предучилишното образованието придонесува за образовните кариери на децата и го намалува социјалниот јаз.

Кандидатот за премиер, Насер Зибери, се осврна и на задолжителното воведување на албанскиот јазик од 5-то одделение.

„Законот за јазиците е донесен од страна на Собранието на Република Северна Македонија, а албанскиот јазик, сега веќе е официјален јазик во земјата. Ова е најважното достигнување за нас Албанците“, посочи Зибери.

За време на посетата, носителот на листата на изборната единица два, Арбр Адеми, истакна дека ќе се инвестира во образовната инфраструктура,
во изградбата и реновирањето на градинките и училиштата во албанските населби, проекти за кои посочи дека дел се веќе во тек. „Да изградиме
еднаква инфраструктура, училишта и модерни градинки, дури и во населбите што се изоставени во однос на инфраструктурата долги години“ – истакна Адеми.

 

Текстот Зибери: Задолжителни часови по албански јазик е прашање на еднаквост е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ОJO постапува во врска со деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир

Се одложи гласањето за извештајот за Македонија во Европскиот парламент

Македонскиот народен театар вечерва ја изведува „Народен пратеник“ во Народно позориште – Белград