Утрински Весник
Спорт

Зенга на клупата на Калјари до крај на сезоната

Зенга на клупата на Калјари до крај на сезоната
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Калјари, 3 март 2020 (МИА) – Прославениот италијански фудбалски голман Валтер Зенга (59) ќе биде тренер на Калјари до крај на сезоната. Клупата на калчолигашот од Сардинија ја презема од Роландо Маран кој доби отказ по низата лоши резултати во Серија А.

Последниот тренерски ангажман го имаше лани во Венеција. Претходно беше на кормилото на Њу Ингланд Револушн, Брера, романските Национал, Стеауа и Динамо Букурешт, на Газиантепспор, на Ал Аин, Ал Наср, Ал Џазира, Ал Шаб, на Вулверхемптон, на Црвена звезда и на италијанските екипи Катанија, Палермо, Сампдорија и Кротоне. сѓд/ссм/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Десетта победа за ТФТ во првенството

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025