Утрински Весник
Македонија

Земјотрес ја погоди Албанија а бил почуствуван и во Македонија

Земјотрес ја погоди Албанија а бил почуствуван и во Македонија

Умерен земјотрес ја погодил Албанија рано утринава, а бил почувствуван и во Македонија, Црна Гора и Србија, пред се на југот-на Косово, сè до Прокупље.

Магнитудата на земјотресот била 4,2 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот е регистриран рано утринава во 2.58 часот. Се работи за среден земјотрес со епицентар на 9 километри јужно од Тропоја во Албанија, соопштија надлежните.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 10 километри.

Можете да прочитате

Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на “Пулс”

Посвежо време со северен ветер: Денеска дожд на северот, снег на високите планини

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година